„Гучи“ се откажува од крзното, засекогаш!

Сподели со своите пријатели

Почнувајќи од линијата пролет-лето 2018, модната куќа „Гучи“ повеќе нема да користи вистинско животинско крзно во ниту една од своите колекции.

Одлични вести за љубителите на животните ширум светот и вљубените во модата на развиена етика. „Гучи“ конечно се придружува на „Армани“ и „Стел Макартни“ и засекогаш го исфрла природното крзно од своите колекции, пишува британскиот „Метро“.

Извршниот директор на моднат акуќа, Марко Бизари оваа одлука ја објави во среда и потврдува дека „Гучи“ никогаш повеќе нема да користи крзно од нерц, лисици, зајаци, ракуни, ниту било какво друго крзно во своите колекции.

– Свеста за општествената одговорност е една од основните вредности за кои „Гучи“ се залага, и ќе продолжиме да работиме животната средина и животните да бидат заштитени. Се радуваме на новото поглавје и се надеваме дека со овој пример ќе ги инспирираме и другите да ни се придружат, така да индустријата за висока мода да ја смениме на подобро, вели Бизари.