Излезе новиот албум на групата „Скопски Метеж“ насловен како „Спектар од бои“.
Албумот содржи 13 синглови, меѓу кои можат да се сретнат соработки со многубројни музичари и артисти.
Песната која промотивно излезе на Youtube е дел од овие синглови, и е во соработка со Тони Зен и Нино Васков.
За аранжманот на песната се погрижи Глигорије Глигоров (Сук.93) кој е дел од групата „Скопски Метеж“, додека зад продукцискиот дел стои Горан Матески – Гого кој е исто така дел од оваа хип-хоп група.
За музиката се погрижија и момците од групата „Cloud Town“ (Димитрије Марковиќ и Дамјан Ѓорѓиев),
како и Нино Васков.
Aлбумот е веќе издаден во продажба, и можете да се набави во „ЈУГОТОН“ (ГТЦ прв кат) по цена од 200 денари како и во кафулето „Концепт 37“ по цена од 150 денари.
Уживајте во новиот сингл !
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.