Груевски осуден на 1,5 година затвор за „Тврдина 2“

Сподели со своите пријатели

Поранешниот началник на УБК Горан Грујевски доби 1,5 година затвор за уништување на опремата за прислушување во УБК, одлучи денеска Кривичниот суд во Скопје. Другите шетмина вработени во УБК обвинети во случајот „Тврдина 2“ добија условни казни.

Обвинителката на СЈО Ленче Ристовска на во завршните зборови во овој случај, во понеделникот, побара  најстрога казна за Грујевски кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Солун, веќе објави МИА, откако пред три месеци илегално ја напушти земјата и пред 20-тина дена беше уапсен на солунскиот аеродром при обид за напуштање на Грција.

Според Ристоска најстрогата казна за поранешниот началник на УБК беше побара бидејќи тој го извршил кривичното дело на најдрзок начин, злоупотребувајќи ја својата моќ и позиција. Според СЈО, тој го наредил и организирал уништувањето на служебната документација поврзана со незаконското прислушување, се обидел да ги сокрие трагите кој и како прислушувал и да ја отежни истрагата, а потоа побегна од државата за да избегне соочување со кривичното дело.

За останатите шест обвинети, вработени во УБК, СЈО побара да им бидат изречени алтернативни мерки, односно условни казни. Како отежнителна околност е тоа што не се покајале за стореното кривично дело, а како олеснително тоа што досега не се кривично гонети и осудувани и  дел се самохрани родители.

– Она што можеме од наша страна да го појасниме е дека без оглед дали работеле по наредба или не законот е  јасен. Доколку наредбата е спротивна на Законот, секој државен службеник е должен да одбие постапување  по незаконска наредба. Ги изнесовме нашите завршни зборови и анализата на доказите што беа изведени на главната расправа, убедени сме во основаноста на обвинението и како што кажавме и минатиот пат очекуваме осудителни пресуди, изјави по судското рочиште обвинителката Ристовска.

Одбраната на обвинетите, пак, во звршниот збор од Судот побара да ги ослободи обвинетите бидејќи во овој предмет нема кривично, туку евентуално прекршочно дело.

Љупчо Шврговски, адвокатот на Грујевски, како што пренесе МИА, побара од судот при носењето на пресудата да се апстахира од влијанието на медиумите и нивното известување за овој случај.

– Имаше една реченица која во стариот Законик егзистираше, а се однесуваше на можноста да биде санкционирано како кривично дело и поведението на обвинетиот кој ќе ја  уништи, оштети или на друг начин ќе направи неупотребливи службени исправи, книги или списи. Тој дел во новиот Кривичен законик го нема. Од тие причини сметаме дека оваа правна квалификација поради недостаток на овој елемент на кривичното дело не може да ја издржа најелементарната правна критика, изјави Шврговски.

Првообвинетиот Грујевски во екстрадицискиот притвор во Грција е заедно со неговиот поранешен колега од УБК Никола Бошкоски, кој во „Тврдина 2“ требаше да се појави како сведок.

Предметот „Тврдина 2“ се однесува на уништување на службена документација поврзана со незаконското прислушување

Извор: МИА

Loading...