Груевски демантира: Не сум изјавил за Гардијан дека ќе смениме името

Сподели со своите пријатели

Не сум изјавил дека Македонија ќе го смени името и ќе реагираме до „Гардијан“, се вели во писмената изјава на премиерот Никола Груевски, пренесува новинската агенција МЕТА, откако денес влијателниот британски весник објави Македонија е отворена за промена на името на својата земја, зголемувајќи ги надежите за крај на еден од на 24-годишниот спор со Грција.

Loading...

Capture

„Такво нешто не сум изјавил. И ние ќе реагираме и до „Гардијан“, се вели во писмената изјава на Груевски.

Тоа се гледа и од самиот текст каде што е очигледно дека се работи за новинарски коментар, а не за моја изјава. Тоа е кристално јасно. Вакви провокации имало и ќе има и ние сме навикнати на тоа. Очигледно темата за името станува популарна периодов точно како што претпоставувавме и вакви тенденциозни и погрешни интерпретации од многуммина кои не му сакаат добро на процесот и имаат потреба од лажен ексклузивитет или одработуваат нечија агенда се очекувани“, стои во писмената изјава на Груевски.

Британскиот весник додава дека стравовите кај Атина од територијална агресија кон грчката провинција Македонија од страна на „една мала земја која сака ексклузивно право на името“, со текот на времето веќе исчезнале.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.