Грозоморно убиство: Убил сестри близначки и пренесувал во живо на социјалните мрежи (ВОЗНЕМИРУВАЧКО)

Сподели со своите пријатели

Две 18-годишни сестри близначки биле брутално убиени во ужаснен масакр во Бразил.

Loading...

Грозоморното убиство се случило минатата среда наутро, а за да бидат работите уште полоши, егзекуцијата била пренесена во живо на профил на Инстаграм. Видеото оттогаш е прегледано илјадници пати на социјалните мрежи.

Безживотните тела на Амалија и Аманда Алвеш биле пронајдени само неколку часа откако биле убиени покрај патот зад станбениот комплекс во Пакјус.

Двете жртви биле мајки, пренесува Дејли Меил.

Аманда Алвес оставила зад себе тригодишна ќерка, додека нејзината сестра Амалија Алвеш била мајка на син кој имал само шест месеци.

Тинејџерот Матеус Абру (17), осомничен за убиство, бил уапсен многу брзо по злосторството.

 

Loading...

 

Видеото ги прикажувало вознемирувачките последни моменти на сестрите додека клечеле една покрај друга на валканиот пат.

Извештаите наведуваат дека двете биле принудени да ја соберат косата во пунџа пред Абру наводно да им стави пиштол на задниот дел од черепот и да испука фатални истрели.

Тој исто така е обвинет дека испукал уште два куршуми кон едната сестра пред да премине на другата жртва и испукал уште четири куршуми во нејзиното безживотно тело.

Иако бразилските власти допрва треба да го откријат конкретниот мотив за ова грозоморно убиство, локалниот Журнал де Бразилија објави дека тоа било затоа што сестрите „знаеле премногу“ за инцидентите со локалните дилери на дрога.

Ве предупредуваме дека видеото има вознемирувачка содржина и не се препорачува за малолетници и лица со чувствителни здравствени проблеми. Доколку сепак одлучите да го погледнете тоа можете да го сторите ТУКА.

Leave a Reply