Грешки кои ги уништуваат вашите заби

Сподели со своите пријатели

Дали редовно ја одржувате хигиената на забите и сметате дека тоа е се што е потребно за убава насмевка? Одредени работи кои ги правиме можат многу да ги оштетат забите.

Доколку многу грубо ги четкате забите можете да ја оштетите глеѓта, а тоа предизвикува чувствителност на забите и непцата. Купете четка со меки влакна и четкањето нека биде лесно и нежно.

Кисела храна

Киселата храна и пијалаците исто така можат да ја оштетат глеѓта на забите.

Газираните пијалаци, лимонот, сокот од портокали ако ги консумирате во големи количини можат да влијаат негативно на вашите заби. Доколку не можете да се воздржите од киселите пијалаци и храна, тогаш за време на нивното консумирање, нивната киселост неутрализирајте ја со вода или сирење.

Обелување

Нормално е да посакувате бели и убави здрави. Со текот на годините, забите стануваат потемни, но не претерувајте со обелувањето, бидејќи може да им наштети на забите. Убаво е да знаете, дека забите немаат природно бела боја, туку боја на слонова коска. Во секој случај пред да ги обелите забите, консултирајте се со стоматолог.

Консумирање на топла пица со ладен пијалак

Кога ќе загризете топла пица, забната глеѓ се шири. Доколку потоа се напиете ладен пијалак без цевче, можеби ќе предизвикате пукање на глеѓта. Топлата пица најдобро е да ја јадете со вилушка, но со топлите залаци избегнувајте ладни пијалаци.

Погрешна паста за заби

Изберете паста за заби која не содржи многу абразиви. РДА (Релативна дентална абразија) над 100 се смета за абразивна, над 150 многу абразивна, а со над 200 не се препорачува. Избирајте паста која содржи флуор. Минералите не можат да ја излечат глеѓта, но може да одигра значајна улога во зајакнување забите.

Забите како алатка

Колку и да ви звучи лудо, многу луѓе ги користат своите заби како алатка. Тие служат за џвакање на храна и убава насмевка, а не за отворање на бонбони, шишиња пиво и слично. Со ова не само што ќе ги уништите, туку ќе предизвикате и кршење на забите.

Недоволно чистење на забите

Забите е потребно да се четкаат по три минути, два пати дневно. Ако тоа не го правите, ризикувате да добиете кариес, кој, ако не се лачи може да предизвика сериозни проблеми. Потребно ви е, освен четка, да користите и забен конец.

Современата стоматологија креира посебни додатоци кои покрај пастата за заби и квалитетната четка за Вашите заби треба секојдневно да ги употребувате за Вашите заби и непца бидат долготрајни и здрави.