Грда навика, која всушност е добра за нас: Сите го прават тоа, но никој не признава!

Сподели со своите пријатели

Никој никогаш нема да ви каже дека е убаво да озборувате, но всушност е добро за вас, иако се смета за грда навика!

Loading...

Озборувањата секогаш се сметаат за нешто негативно, бидејќи се подразбира дека луѓето, од некоја завист, шират гласини и кажуваат грди работи.

Без разлика дали коментираме нечиј физички изглед или ситуација што му се случила, секогаш се смета за негативна.

Сепак, се чини дека озборувањето не е секогаш лошо и дури може да има и добар ефект врз нас.

 

 

Не мора да биде негативно

Loading...

Според некои истражувања, околу 14 проценти од дневните разговори се базираат на озборувања, но добрата вест е дека ова се претежно некои неутрални приказни, па затоа не се ниту негативни ниту позитивни.

Може да биде добро

Истражувањата исто така покажале дека озборувањето може да ни помогне во градењето социјални врски, како и да ни помогне да учиме од грешките и искуствата на другите луѓе.

Кога споделуваме некои информации за нас или за другите, тоа може да ни помогне да воспоставиме тесна и посилна врска со луѓето.

Покрај тоа, кога со некого го споделуваме нашето мислење за трета личност, тоа може да ни помогне подобро да ги разбереме сопствените чувства и да разбереме кое однесување е (не)прифатливо.

 

 

Loading...

Придобивките од озборувања

Во едно истражување кое вклучувало учесници кои играле игри во групи, било откриено дека учесниците кои разговарале едни со други имале многу подобра соработка.

Исто така, тие се чувствувале поблиску до другите ако можеле да озборуваат едни со други, а научниците истакнуваат дека ова е доказ дека озборувањето всушност е важен дел од нашите животи што помага во градењето на социјални односи.

Дали вие понекогаш озборувате?

Leave a Reply