ГРЦИЈА: Продолжува борбата со пожарите, ги гаснат 420 пожарникари

Сподели со своите пријатели

Четврти ден по ред, пожарникарите се борат со пожар во областа Вилија во западна Атика, област каде што се наоѓа главниот град на Грција, Атина.

Loading...

Повеќе од 420 пожарникари, кои имаат помош од колегите од Полска, но и помош од воздух, во моментов го гаснат пожарот, објави денеска „Катимерини“.

Вилија, каде неколку куќи беа оштетени до средата доцна навечер, во моментов не е загрозена, бидејќи ветерот го влече огнот во спротивна насока.

Претходно, локалните власти ги евакуираа населбите Агиа Параскеви, Караули, Теу, Панорама и Титан, како мерка на претпазливост.