Грција очекува зголемен број странски туристи кон крајот на јуни

Сподели со своите пријатели

Поголем прилив на странски туристи се очекува во Грција на крајот на јуни или почетокот на јули, изјави денеска потпретседателот на грчкиот сојуз на хотелиери, Кристина Тетради.

Loading...

Таа извести дека во мај речиси и да немало туристи, но дека започнало закажувањето термини за јуни, бидејќи многу хотели ги одложиле отварањата за втората половина од следниот месец, објави новинската агенција АНА.

Околу десет проценти од хотелите се веќе отворени, но повеќето чекаат да се разјасни ситуацијата кога станува збор за најголемиот број туристи кои престојуваат во грчките хотели – гости од Велика Британија, Германија, Русија и скандинавските земји, додаде Тетрадијева.

Важен датум за Грција е 7 јуни, кога Велика Британија ќе биде „зелена зона“, што значи дека нејзините граѓани нема да мораат да одат во карантин кога ќе се вратат, додаде Кристина Тетради.

Сезоната започна полека на Родос, каде беа отворени само 25 од 650 хотели, а четвртина беа отворени во градот Хераклион на Крит.

Leave a Reply