Грција нема богаташи, барем не на хартија

Сподели со своите пријатели

На хартија Грција нема богати луѓе – само 27.000 граѓани пријавиле приходи над 100.000 евра, додека четворица од 10 живеат со 5.000 евра годишно, пишува „Катимерини“.

Loading...

Во трудот се наведува дека клучната работа е откривањето и правилното евидентирање на приходите, средствата и добивката, за да може поправедно да се дизајнира даночната политика.

Помалку од 15.000 сопственици имаат личен недвижен имот вреден повеќе од еден милион евра, додека помалку од 70.000 штедачи имаат депозити во банките од по 100.000 евра.

Од вкупно околу 300.000 правни субјекти кои работат во земјава, само 10.000 од нив пријавуваат даночна добивка поголема од 150.000 евра.

За разлика од нив, 235.000 правни лица или приближно осум од 10 компании имаат или загуби или добивки помали од 10.000 евра годишно.

Во областа на недвижностите, двајца од тројца сопственици (повеќе од 4,7 милиони луѓе) имаат личен имот кој не надминува 60.000 евра, додека околу 650.000 сопственици имаат имот чија вредност не надминува 80.000 евра.

Во просек, тројца од четворица сопственици имаат данок од неколку десетици или неколку стотици евра.

Околу 1,7 милиони сопственици плаќаат даноци до 100 евра, околу 3,2 милиони плаќаат од 101 до 500 евра, а 1,4 милиони вланцици плаќаат од 501 до 5.000 евра.

Loading...

Околу 35.000 физички лица плаќаат по 5.000 евра и повеќе, додека бројот на оние кои плаќаат данок над 500.000 евра не надминува 500, велат од Катимерини.

Порталот додава дека во Грција има само 15.000 луѓе кои имаат имот вреден повеќе од еден милион евра.