Грција наскоро ја отвора границата за Македонци

Сподели со своите пријатели

Министерот за здравство Венко Филипче денеска истакна дека имаат честа комуникација со грчкиот министер за здравство, а утрово разговарал и со грчкиот министер за туризам.

Loading...

-Во рамки на епидемиолошката состојба, грчкиот министер за туризам ме извести дека планираат двата гранични премини со Македонија да ги отворат на 14 мај за македонски граѓани, односно граничниот премин во Дојран и Евзони. Но, ќе биде задолжително да се прикаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР тест, истакна Филипче.

Министерот треба да испрати примерок како ќе изгледа сертификатот за вакцинација и листата на овластени лаборатории кои може да издаваат ПЦР тестови.

Оваа ситуација може да се промени доколку дојде до влошување на епидемиолошката состојба во Македонија.

Leave a Reply