Грција и Црна Гора остануваат затворени за Македонците

Сподели со своите пријатели

Грција и Црна Гора нема да ги кренат рампите на границите за државјаните на Македонија.

Loading...

– Во овој момент не постојат препораки за отворање и за дополнителни земји, ако произлезе такво нешто одново ќе го разгледаме, рече портпаролот на грчката влада Стелиос Пецас одговарајќи на новинарско прашање на денешниот бифинг.

Грција претходно соопшти дека забраната ќе трае најмалку до 15 август.

Македонија не се најде ниту на зелената, ниту на жолтата листа што ја објави Црна Гора.

На зеланата листа се земјите членки на ЕУ и држави од кои според црногорските власти има минимален ризик за ширење на ковид-19.

„Жолтата листа“ на Црна Гора е листа на која се наоѓаат земји за чии државјани е потребен негативен ПЦР тест при влез во државата, но Македонија ја нема ни таму.

Со негативен ПЦР тест, Македонците можат да влезат во Бугарија, а целосно слободно е патувањето само во Србија и Албанија.

Leave a Reply