Грција ги разгледува опциите за задолжителна вакцинација

Сподели со своите пријатели

Грчката влада, наводно, разгледала алтернативни сценарија за задолжителна вакцинација против Ковид -19, во случај целта на дадените милион нови вакцини да не биде постигната наскоро.

Loading...

Покрај проширувањето на обврската за вакцинација на повеќе професионални категории, се размислува и за воведување на возрасни критериуми.

Ова би се однесувало на луѓе постари од 50-55 години кои се професионално активни и кои се со поголема веројатност да бидат хоспитализирани доколку се заразат со вирусот, пренесува грчкиот портал „Катимерини“.

Во исто време, направен е план за пополнување на празнините во персоналот што ќе произлезат од суспензијата на здравствените работници кои одбиваат вакцинација.

Ова вклучува забрзани постапки со тримесечни и шестмесечни договори за вработување.