Грција ги префрла мигрантите од островите на копно

Сподели со своите пријатели

Префрлувањето на мигрантите од преполнетите кампови на грчките острови кон копното продолжи викендов, и се очекува околу 380 мигранти да пристигнат на пристаништето во Атина.

Loading...

Вчера 415 мигранти беа донесени во пристаништето Елефсина западно од Атина. Тие се префрлени од бродови на грчката морнарица кои обично се користат за транспорт на тенкови.

Мигрантите дошле од островот Лезбос од Камп Морија, каде скоро 15.000 мигранти сè уште живеат во област наменета за 3.000 луѓе.

Висок владин претставник изјави за АП дека владата планира да префрли 5.000 мигранти на копното во наредните 15 дена.

Официјален претставник кој не сакал да биде именуван, рекол дека мигрантите ќе бидат сместени во хотели бидејќи врвот на туристичката сезона е завршен. Тој рекол дека некои делови од земјата, како што е северна Грција, ќе бидат изземени, бидејќи таму веќе има многу кампови за мигранти.

Тој додал дека владата ќе го ограничи бројот на мигранти на 0,8 проценти од локалното население по префектура.

Грција е поделена на 54 префектури и околу половина од нив ќе бидат ослободени од планот за преместување на мигрантите, вклучувајќи ги сите острови.

Мигрантите претежно влегуваат во земјата преку неколку грчки источни острови во близина на турскиот брег, како и преку копнената граница со Турција на североисток.

Loading...

Големиот број мигранти во грчките острови, вкупно околу 35 000, предизвикува непријателство од локалното население.

Локалните власти се жалат дека островите се претвораат во места каде што мигрантите се растовараат, и дека барањето за азил се процесуира многу бавно и дека многу малку од оние кои немаат право да бараат азил се протерани. Владата вети дека ќе ги забрза двата процеса.

Во саботата наутро жителите на источниот остров Косо, предводени од градоначалникот, спречија испраќање на 75 мигранти од обичен патнички брод што ги собрал од оддалечениот остров Кастерлоризо. Тие го блокираа растоварувањето со трактори и другите возила.

Градоначалникот рече дека владата треба да префрли некои од 4500 мигранти кои веќе се на островот, наместо да им испраќа нови мигранти.

Leave a Reply