Границата од 0,5 промили алкохол во крвта заминува во историја? ЕУ бара да се сведе на НУЛА!

Сподели со своите пријатели

Европскиот парламент сака ограничувањето на алкохолот во крвта кај возачите да се намали на нула.

Loading...

Така, веќе нема да има ограничување од 0,5 промили, туку секогаш ќе треба да седнете во автомобил без капка алкохол во вашето тело.

 

 

Европратениците ги повикуваат земјите – членки на ЕУ да вложат поголеми напори за да обезбедат безбедност на патиштата. Велосипедските и пешачките патеки создадени за време на пандемијата на корона треба да останат.

Според податоците на парламентот, 23.000 луѓе загинале во сообраќајни несреќи во ЕУ во 2019 година, пренесува ХАК.

Парламентот, исто така, сака да лобира земјите – членки да воведат ограничување на брзината од 30 километри на час во населените области, а тоа исто така ќе важи и за области каде има поголем број велосипедисти и пешаци во сообраќајот.

Loading...

 

 

Во Македонија, веќе е воведена граница од 0,0 промили за возачи почетници, односно во првите две години откако ќе се стекнете со возачка дозвола, но ако ЕУ ги усвои новите регулативи, дали и земјава ќе трне по истиот пат?