Grand Opening Summer Club Space

Сподели со своите пријатели

И оваа лето „Summer Club Space“ ќе се погрижи за најдобрата забава во градот.

Третата сезона од најдобриот клуб во Куманово започнува веќе на 5-ти мај со настапот на ди-џеј Марга Сол и голема хаус забава. Но, тоа не е се. „Summer Club Space“ има агенда за целиот викенд. Веќе во сабота на 6-ти мај ќе имате можност да уживате во хип-хоп музиката на ди-џеј Тања, а во недела со најдобриот над најдобрите ди-џеј Здравко и најдобрата музика од македонскиот и балканскиот етер.

Локацијата на добро познатото место, а услугата на врвно ниво.

Не дозволувајте да ви раскажуваат, бидете дел од забавата и уживајте до раните утрински часови.