Гранатирани населби во Доњецк и Луганск

Сподели со своите пријатели

Украинската армија рано утринава гранатираше девет населени места во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), истрелајќи вкупно 53 проектили, соопштија властите на ДНР, пренесува ТАС С.

Loading...

Според проруските власти, до шест часот утринава кон Доњецк биле испукани десет проектили од 152 милиметри и 11 од 155 милиметри, а биле погодени и неколку населени места во оваа област.

„Украинската армија силно ја гранатира територијата на ДНР во обид да го спречи нејзиниот референдум за приклучување кон Русија“, изјави лидерот на проруските власти Денис Пушилин за ТВ каналот „Русија-24“ во саботата.

Украинските вооружени сили трипати во изминатите 24 часа ја гранатираа и самопрогласената Луганска народна република (ЛНР), при што истрелаа 14 ракети користејќи го повеќенаменскиот ракетен систем HIMARS од американско производство, соопштија властите на ЛНР, пренесува Танјуг.

Се прецизира дека украинската армија извршила напади со 14 ракети врз три населени места користејќи ги системите ХИМАРС, се наведува во соопштението на проруските власти, кои наведуваат и дека во овие напади се ранети пет цивили.

Во ракетните напади наводно било уништено едно од средните училишта во Рубежној, кое служело и како избирачко место за референдумот за приклучување кон Русија, а оштетени се четири катни станбени згради, а оштетена е и болница кај Мостки.

На териториите на самопрогласените републики Луганск и Доњецк и во регионите Керсон и Запорожје во Украина, кои делумно се под контрола на руската армија, во тек е последниот ден од референдумот за присоединување кон Русија.

Киев и повеќето земји ги отфрлија овие референдуми и ветија дека нема да ги признаат нивните резултати, објави претходно Ројтерс.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.