Граната пронајдена во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Во центарот на Куманово, вчера била откриена граната која според надлежните потекнувала од Втората светска војна.

Loading...

– На 20.12.2020 во 12.08 часот било пријавено дека на ул.„11 Октомври“ во Куманово, при ископ на земја со работна машина – багер, била пронајдена неексплодирана граната од Втората светска војна, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово, а од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување гранатата била подигната за понатамошна постапка.

Никола Ивановски

Leave a Reply