Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ и денес меѓу граѓаните на Куманово

Сподели со своите пријатели

Граѓанската акција „Заслужуваме подобро“ која е дел од проектот „Граѓаните за Македонија“ и денеска преку своите активисти беше присутна меѓу граѓаните на Куманово на градскиот плоштад.

Loading...

Преку разгласно возило на кое можеа да се слушнат дел од проблемите против кои ќе се борат активистите до флаери за проекти на кои треба да се работи, активистите ги информираа граѓаните.

Како што истакна Маријан Забрчанец, член на акцијата „Заслужуваме подобро“ целта е да се вклучат граѓаните активно во политичкиот живот, затоа што политиката не е на политичките партии, туку и на граѓаните.

12268456_1063544500330891_1474723444_o

Целта на акцијата е да се потикнат граѓаните јасно и гласно да разговаараат за своите проблеми особено во оваа време кога доаѓаат изборите и кога на плитичарите мора да им се испрати порака ека граѓаните во оваа тржава мора да започнат со подобар живот – истакна Забрчанец.

Исто така членовите на акцијата поразговараа со граѓаните околу сите теми на општествено живеење, економската состојба, потребата од чесна власт и владеење, правда и слобода и подобро образование и чиста животна средина во државата.

Активистката Ирена Стефовска истакна дека сите заслужуваме подобра власт и подобри услови за живот

Генерациите што доаѓаат утре после нас, кога ќе прашаат што вие направивте за вас, за вашите животи за нас и за нашата земја. Од тие причини сме излезени и товорени да разговараме и да се охрабруваме меѓусебно, затоа што никој не може да се избори, ако самите не се потрудиме да ги промениме условите на живот – изјави Стефовска.

Акцијата се одвива во над 20 градови во Република Македонија преку локалните активисти, а кумановските редовно на неколку локации се среќаваат со сите граѓани.