Граѓаните на Куманово вечерва повторно на протест

Сподели со своите пријатели

Зградата на Основниот суд ќе биде местото каде вечерва ќе започне нов протестен марш по улиците во Куманово каде граѓаните ќе го искажат револтот за одлуката за аболиција, но и ќе бараат оставка од претседателот Иванов.

Тие исто така ќе бараат произнесување на Уставниот суд за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, формирање на специјално одделение на Кривичниот суд, кое ќе биде надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО, задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата, но и формирање на преодна влада која докрај ќе ги имплементира итните реформски приоритети од извештајот на Прибе.

Протестот е закажан преку граѓанското движење „Протестирам“ за вечерва ќе се соберат кумановци и че маршираат низ улиците во градот.