Граѓаните да не доаѓаат на вакцинација без закажан термин, апелираат од пунктот во Куманово

Сподели со своите пријатели

Граѓаните да не доаѓаа на пунктот за масовна вакцинација без претходно закажн термин, апелираше денеска д-р Снежана Јовановска, началник на Одделението за вакцинација при Здравствен дом Куманово.

Loading...

Како што вели таа, веќе трета недела тече процесот на масовна вакцинација во Североисточниот регион, но граѓаните кои доаѓаат без претходно закажани термини создаваат притисок на пунктовите.

– Сакам да упатам еден апел до граѓаните да не доаѓаат без термини, слободно нека аплицираат на сајтот vakcinacija.mk и за два дена ќе си добијат термин. Бидејќи непотребно се создава гужва, имаме голем притисок, нѐ молат за вакцини и сакам еден апел да имаат трпение бидејќи сите граѓани ќе добијат термин и сите ќе бидат извакцинирани, рече д-р Јовановска.

 

 

До петокот, како што информираше Јовановска на пунктот во Куманово се потрошени 11.000 дози вакцини, а оваа недела се работи само во прва смена и се очекува до петок да бидат аплицирани 2.000 дози.

Паралелно тече и ревакцинацијата на лицата над 70-годишна возраст кои примија Фајзер.

Loading...

– Ова е вакцина Синофарм, морам да истакнам и дека во Здравствениот дом паралелно сега се дава втора доза од вакцините на Фајзер, тоа е онаа група од над 70 години што ја има примено првата доза пред три недели и овие денови до четврток ќе примаат втора доза од Фајзер. Затоа ги поделивме, овде на пунктот за масовна вакцинација даваме Синофарм, а сите оние граѓани кои треба да примаат втора доза од Фајзер да одат во Здравствениот дом каде што примија и прва доза, рече Јовановска.

За оваа недела, вели таа, пуштени се над 500 термини на кои граѓаните можат да се пријават.

Никола Ивановски

Leave a Reply