Градските базени свечено пуштени во употреба (галерија)

Сподели со своите пријатели

Со пресекување на лента градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски и официјално ги пушти во употреба отворениот и затворениот градски базен.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”400″]

 

И покрај лошите временски услови огромен број кумановци присуствуваа на вечерашното отворање, а освен градоначалникот присутни беа и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, како и високи функционери од партијата и претставници на локалната самоуправа и советниците од Советот на Општина Куманово, со исклучок на локалната опозиција, односно советниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Времето морам да кажам на мое жалење не ни беше наклонето. Денеска планиравме голем настан, свечено отварање, концерт, културно-уметничка програма, хепенинг на надворешниот базен со музичка програма, меѓутоа видовте дека се се случи во неколку минути и целиот концепт е пореметен. Како и да е денеска свечено го отворивме и затворениот и отворениот базен, инвестиција која траеше повеќе години, со година и половина задоцнување поради оправдани финансиски причини, меѓутоа успеавме да го завршиме – вели Дамјановски.

Затворениот базен како што истакна Дамјановски ќе понуди и комерцијален дел за кој наскоро ќе биде распишан тендер, ќе понуди ресторани, спа центри, но и хотелски комплекс со околу 40 легла.

И покрај лошите временски услови со мало задоцнување сепак беше приреден и спектакуларен огномет, а присутните уживаа во настапите на Мартинијан Кириловски, ивона Јовановиќ, Мартија Станојковиќ и бендот De Marble, а неизоставни беа пофалбите од граѓаните дека вакво нешто е добредојдено за градот и дека секако е потребно за рекреација на кумановци.

[wpdevart_like_box profile_id=”1414421878780055″ connections=”show” width=”300″ height=”550″ header=”small” cover_photo=”show” locale=”en_US”]