Градска кујна, преноќевалиште за бездомници и психолошко советувалиште за жртви од семејно насилство, најави Стојановски (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник од граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ Дејан Стојановски, денеска одржа прес-конференција на која ги најави идните проекти кои се предвидени во програмата на оваа иницијатива по победата на локалните избори на 17-ти октомври, а се однесуваат на унапредување и подобрување на социјалната заштита на територија на општина Куманово.

Loading...

„Хуманоста и грижата за сите се едни од главните карактеристики за Куманово. Во изминатите четири години покажавме грижа и овозможивме заштита кон секого. Само во периодот на КОВИД-19 кризата Општинскиот Штаб за Заштита и спасување дистрибуираше повеќе од 5.000 пакети со помош до социјалнo загрозени семејства во Куманово. За следниот мандат имаме и план и визија за да го подобриме животот на секој еден граѓанин. Ќе отвориме градска кујна за лица од социјално-ранлива категорија. Ќе отвориме и преноќевалиште за бездомници и психолошко советувалиште за жртви на семејно насилство, поплави и пожари. Ќе изготвиме програма за реинтеграција на маргинализирани лица (зависници од психотропни супстанци) на пазарот на труд и шелтер за маргинализирани групи. Децата од социјалнo-загрозени семејства ќе бидат вклучени во воннаставните активности и неформалното образование преку бесплатни курсеви, екскурзии, спортски активности и можност да учат и тренираат одреден спорт бесплатно“, потенцираше Стојановски.

 

 

На прес-конференцијата, Стојановски информираше дека општина Куманово ќе продолжи со постоечките активни мерки и проекти за социјална заштита.

„Ќе го имплементираме проектот за општинско-корисна работа со ангажирање на невработени лица во улога на: образовни асистенти на ученици со попреченост, ментори во двата Дневни центри за лица со интелектуална попреченост и асистенти за стари лица за помош и поддршка во домашни
услови. Ќе продолжиме и со субвенционирање на трошоци за комунални услуги и јавен градски превоз за стечајни работници, самохрани родители,слепи лица, приматели на социјална парична помош, згрижувачки семејства,  деца без родители, пензионери и други ранливи категории на граѓани“,
рече Стојановски.

Една од предвидените мерки е и еднократна парична помош или помош во натура за лица од социјален ризик.

Loading...

„Дополнително ќе го развиваме проектот за инклузија на децата Роми. Ќе помогнеме за домување на материјално и станбено необезбедени лица, како
и субвенционирање на болничките трошоци на лица од социјален ризик за тешки заболувања. Нема да ги заборавиме и домашните миленици – ќе
изградиме стационар за згрижување и нега на кучиња скитници. Општина Куманово ќе продолжи да биде хумана и социјална општина“, истакна
Стојановски.

Стојановски посочи дека сите граѓани мора да имаат еднакви можности и исти права за квалитетен живот.

„Како иницијатива „За наше Куманово“ ќе направиме сè што е во наша моќ за да го подобриме животот на нашите граѓани. Достоинствено да живеат,
да бидат среќни. Да бидеме луѓе и да се почитуваме. На 17-ти октомври со вашиот глас За наше Куманово ќе ни овозможите да ги имплементираме сите
проекти во областа на социјалната заштита“, изјави Стојановски.