Градоначалникот на Куманово ги посети поплавените подрачја во Тетово (фото)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово Зоран Дамјановски заедно со координаторот на советничката група на ДУИ во Советот на Општина Ридван Асани, денеска ја посетија Општина Тетово.

Loading...

11827236_10204973724609950_1366653859_o

При денешната посета, делегацијата од Куманово оствари средба со  Градоначалникот на Општината  Теута Арифи на која и  изразија жалење за ситуацијата во која се најде Тетово поради поплавите што се случија во изминатите денови.

11840341_10204973724369944_139301788_o

 

Двајцата градоначалници заедно ги посетија поплавените краеви и разговараа со жителите.

11840463_10204973726569999_1400942959_o

Инаку Општина Куманово на вонредна седница што се одржа во среда, одвои 500.000 денари од својот буџет за санација и поддршка на општетените домови и инфраструктурата.

Loading...