Градоначалникот Димитриевски во посета на Венето, Италија (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Како дел од проучувањето на односите помеѓу регионот Венето (Италија) и локалните заедници на Република Северна Македонија, градоначалникот Максим Димитриевски присуствуваше на работен состанок со Фабио Газабини, директор на регионот Венето (Италија).

Loading...

На средбата, како што информираат од кабинетот на Димитриевски, градоначалникот преку презентација ја претставил индустриската зона „Новине и Речица“, а се разговарало и за можност за потенцијални странски инвестиции.

– Од друга страна беше илустриран потенцијалот на Венето компаниите кои се наоѓаат во економски најразвиениот регион во Италија. Двете страни разменија искуства и идеи на економски план, со можност за понатамошна соработка, стои во соопштението од Општина Куманово.

Leave a Reply