Градоначалникот Дамјановски со честитка за Курбан Бајрам

Сподели со своите пријатели

По повод големиот муслимански празник, честитка до граѓаните на Куманово испрати и градоначалникот Зоран Дамјановски:

Од името на Општинската администрација и од свое лично име на сите граѓани од исламската  вероисповед  им го честитам празникот Курбан Бајрам.

Ви посакувам празникот да го поминете во добро здравје, среќа и хармонија. Посакувам и понатаму да продолжиме да го негуваме духот на соживот, хуманост и толеранција – стои во честитката на градоначалникот Дамјановски.