Градинката „Ангел Шајче“ одбележа 60 години постоење (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Шест децении успешно работење денеска одбележа градинката „Ангел Шајче“ Куманово со свечена манифестација која се одржа во Спортската сала.

 

Loading...

 

Над 450 дечиња беа дел од свеченоста која ја збогатија со свои настапи и костими, а трибините во салата беа претесни да ги соберат нивните родители, но и граѓаните кои дојдоа заедно со нив да го одбележат големиот јубилеј.

 

 

На јубилејот присуствуваа и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, вицепремиерот на Владата на Република Македонија, Оливер Спасовски и претставници од државната и локалната власт.

 

Loading...

 

Градоначлникот Максим Димитриевски рече дека во минатото полесно беше да се запише дете на факултет, отколку во детска градинка и вети дека тоа ќе се промени.

– Општина Куманово аплицираше со проект за изградба на комплетно нова детска градинка на локација улица „Бајрам Шабани“ и тоа ќе биде нашиот седми објект кој што сакаме да го изградиме во рамките на детската градинка „Ангел Шајче“. Ние кумановци имаме една поговорка, „виду му го коренот за да му ја знаеш иднината“, кога ќе го погледнеме нашиот патрон Ангел Шајче ќе ја видиме иднината на сите овие дечиња кои учат и се воспитуваат во оваа институција, рече градоначалникот Димитриевски.

 

 

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска го најави новиот објект во Пионерскиот дом кој ќе има капацитет за 69 деца.

– Градинката „Ангел Шајче“ е една од најуспешните на ниво на државата и го гради патот на мултикултурно општество. Уште од деведесетите години во оваа градинка функционираат билингвални паралелки, со што се постигнува инклузија во објектите и заедничка работа на воспитувачите. Мене навистина ми е чест што токму во Куманово во оовј месец кога се одбележуваат 60 годишниот јубилеј ќе отвориме објект кој ќе има капацитет за 69 деца. Сакам да ја потенцирам заложбата на Владата за развој и детска заштита за отварање детски градинки во урбани средини, како што беше примерот во Старо Нагоричане, рече министерката Царовска.

 

 

Свое обраќање пред присутните имаше и заменикот премиер во Владата, Оливер Спасовски кој рече дека ова е сериозна институција во која се негуваат сите позитивни аспекти во поглед полесно да ги разбереме општествените правила и норми.

– Општеството е должно да даде што повеќе во развојот на децата, да инвестираме во развојот, тоа да напредува. Владата на Република Македонија е свесна за важност на овој сегмент од оптшественото живеење, вложуваме напори за инвестиции во интерес на понатамошниот развој на системот за грижа и воспитување на децата, рече Спасовски.

 

Loading...

 

Манифестацијата за одбележување на јубилејот траеше неколку часа, а самото одбележување на празникот на градинката ќе се кринуса во наредните денови со отварање на новиот објект во Пионерскиот дом кој ќе го носи името „Детелинка“.

(ГАЛЕРИЈА) Градинката „Ангел Шајче“ одбележа шест децении постоење

Leave a Reply