Град во кој никој не починал 69 години, но поради еден бизарен закон (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Арктичкиот град Лонгјербрејн на норвешкиот остров Свалдбард презел некои необични правни чекори за да ја забрани смртта.

Loading...

Имено, од 1950 година апсолутно е противзаконски да починете во тој град, дури и ако таму сте го минале целиот живот, во случај да ви се дијагностицира тешка и смртоносна болест ќе ви биде организиран превоз од островот и своите последни денови ќе мора да ги минете на друга локација.

Во случај на изненадна смрт, што ретко се случува пореди големото следење на здравјето,т елото брзински се превезува на друга локација, каде ќе биде погребано.

Но, зошто Норвежаните вовеле таков бизарен закон?

Иако звучи вознемирувачко, целта е да се заштити остатокот од населението. Кон средината на минатиот век било откриено дека закопаните тела на локалните гробишта не се распадаат туку долготрајно замрзнуваат во земјата, благодарение на пермафростот,  т.е. постојано замрзнатата почва.

Како резултат на тоа, смртоносни вируси заробени во тела на починатиот можеле да преживеат, но и да ги заразат останатиот дел од жителите при топење. Иако звучи како сценариот од апокалиптични филмови, тоа не е научна фантастика, затоа што слично нешто веќе се случило.

Во август 2016 година, дошло до избивање на антракс во северниот дел на Сибир, поради што еден човек починал, а 90 биле хоспитализирани во тешка состојба. Луѓето не биле единствени жртви, научниците потврдиле дека околу 2.300 елени починале од антракс. До епидемијата дошто при голем топлотен бран во 2016 година, а последното затоплување од слични размери претходно се случило во 1941 година.

Меѓу жителите на градот нема староседелци, а иако во градот живеат семејства кои се тука веќе неколку децении, поголемиот дел од луѓето не се задржуваат таму.

Loading...

Најраните жители биле рудари на јаглен по чие пронаоѓање бил основан и градот.

Leave a Reply