Град во кој 14 години не паднал дожд и остантите климатски екстреми…

Сподели со своите пријатели

Светската меторолошка организација направила листа од најекстремните временски услови, односно места на кои тие се манифестираат.

Листата изгледа вака:

  • Најголем минус е забежеан во Восток, на Антарктик, каде на 21 јули 1983 година биле измерени -89,2 степени целзиусови.

  • „Долината на смртта“ во Калифорнија влегла во историјата кога во неа во летото 1913 година биле измерени неверојатни 56,7 степени целзиусови.

  • Во Јунионвил, во американската држава Мериленд, рекордот е забележан на 4 јули 1956 година, кога за една минута наврнале 31,2 милиметри дожд на метар квадратен.

  • Најмногу дожд за време на еден ден паднале во период од 7 до 8 јануари 1966 година, кога циклонот Денис минува преку островите во Индискиот океан. Дури 1.825 литри на метар квадратен за само еден ден.

  • Најголемиот град некогаш паднал во Гополгањ, Бангладеш на 14 април 1986 година. Пријавени биле парчиња лед тешки еден килограм, од кои загинале вкупно 92 лица.

  • Најдолгиот период без врнежи бил забележан во Чиле, во градот Арика, каде капка дожд не паднала во цели 14 години, од октомври 1903 до јануари 1918 година.

  • Во Андерлнах, Германија на 16 септември 2002 година бил забележан млаз вода висок 61,5 метри кога избил гејзер.

  • Рускиот автопат Колима е најстудената сообраќајница во светот. Таму температурите паѓаат и до -67,7 степени. За да работата бие уште пострашна, еден дел од тој пат се нарекува „Патот на коските“ во знак на сеќавање на затворениците кои преминувале таму правејќи го.

  • Најголемата ледена пустина, која се наоѓа во поларниот круг е на територијата на Канага. Се наоѓа во националниот парк Клуане и се протега на подрачје од 21.980 километри квадратни.

  • Сибирското место Ојмјакон е најстуденото место во кое живеат луѓе надвор од Антарктикот. Таму температурите паѓаат и до -68 степени целзиусови.