ГП „Табановце“ и уште неколку населени места без електрична енергија

Сподели со своите пријатели

Како што информираат од Одделот за односи со потрошувачи на ЕВН Македонија, во соопштението кое пред неколку минути го пренесе Регионалниот центар за управување со кризи, на неколку локации во Општина Куманово, поради дефект е прекинато снабдувањето со електрична енергија.

Loading...

Без напојување е Граничниот премина „Табановце“, како и селата Горно и Долно Којнаре, Умин Дол, Ропајце, Љубодраг, Лукаре и Глажња.

Екипите на ЕВН работат на нормализирање на снабдувањето со електирчна енергија.