Готичарка се трансформираше во „нормална“ девојка: Ни сопствената мајка не ја препозна (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Од дванаесет години, Бјанка се облекува и се шминка како готичарка, а сега се согласи привремено да се трансформира во „обична“ (да не речеме нормална) девојка пред камерата.

Loading...

Бјанка има бројни тетоважи, од кои некои покриваат дел од лицето, а се украсила и со голем број пирсинзи. Првата тетоважа ја направила кога имала само 16 години, а признала дека веќе не знае ни колку пирсинзи има.

 

 

„Кога почнав да се облекувам исклучиво во црно, мајка ми ме молеше да носам розова боја. Ми купуваше облека што никогаш не сум ја носела. Понекогаш носев нешто црвено за време на празниците за да ја расположам”, рече таа.

Шминкерите на Бјанка прво мораа да ги покриваат нејзините тетоважи, потоа и ставија долга сина перика и ја облекоа во елегантна облека, а најимпресивна беше реакцијата на нејзината мајка, која се шокираше кога ја виде.

„Ова не е моја ќерка“, рече таа смеејќи се.

Loading...

„Воодушевена сум, таа изгледа прекрасно“, заклучи мајката.

 

 

Напротив, на Бјанка воопшто не ѝ се допадна трансформацијата.

„Ова не сум јас. Ги мразам овие бои. Не изгледам како себе си. Не ми се допаѓа облека. За мене ова е екстремно”, рече таа и додаде дека едвај чека да ја симне шминката и да врати се на стариот пат.

 

Loading...

Leave a Reply