Гостиварец нападнат на наплатна рампа во Романовце

Сподели со своите пријатели

Педесет и двегодишен жител на Гостивар бил физички нападнат вчера на наплатната рампа Романовце.

Loading...

– На 13.10.2021 во 22.10 часот во СВР Куманово, И.Б.(52) од Гостивар пријавил дека околу 19.00 часот во близина на наплатната рампа Романовце бил физички нападнат од Б.Н. од с.Чегране, гостиварско, кој бил со уште неколку лица, од кои дел ги познавал, информираат од Секторот за внатрешнир аботи.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски