„Голф 6“ со српски регистарски ознаки изгоре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 10.30 часот на паркинг простор на улицата „Тоде Мендол“ во Куманово настанал пожар во патничко возило „Голф 6“ со српска национална ознака, сопственост на И.Љ.(65) од Прешево, Република Србија.

Како што информираат од полицијата, тој го паркирал своето возило, а по неколку минути настанал пожар во пределот на левата страна од моторот, под акумулаторот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово пожарот бил изгаснат.

Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

фото: архива

Loading...

Leave a Reply