Големо невреме ја погоди Калифорнија, бројот на мртви постојано расте (фото)

Сподели со своите пријатели

Во Калифорнија продолжува потрагата за настраданите во големиот одрон кој однесе десетина домови во округот Санта Барбара, каде досега се потврдени 15 мртви и најмалку 25 повредени.

 

Loading...

 

Најмалку 50 лица морале да бидат евакуирани со хеликоптер од загрозената зона. Бројот на жрвтвите би можел да биде поголем кога ќе заврши потрагата. Голем тим за спасување и потрага пристигнува во блискиот округ Лос Анџелес за да им помогне на припадниците на Крајбрежната стража, Националната гарда и полицијата. Како се наведува, нивен приоритет ќе биде потрага по преживеани.

 

 

– Моментално сме насочени на утврдување дали име уште преживеани во некоја од оштетените градби, рекол шерифот на округот Санта Барбара, Бил Браун.

 

Loading...

 

Тој рекол дека најмлку неколку десетина домови или се уништени или тешко оштетени и дека веројатно има уште многу други оштетени куќи во областите кои се уште се недостапни. Шерифот очекува да бидат пронајдени уште луѓе во урнатините.

 

 

Потрагата по исчезнатите, чиј што број не е точно одреден, ќе биде продложнеа, соопштуваат властите.

 

 

Се верува дека поголемиот дел од 13 мртви се од Монтерсити, рекол портпаролот на округот Дејвид Вијалобос. Во таа богата енклава од околу 9.000 луѓе која се наоѓа северозападно од Лос Анџелес се домови на познатите како Опра Винфри, Роб Лоу и Елен Деџенерис.

 

Loading...

 

Надојдени води со блато минатата ноќ предизвикале поплави во стрмните предели под планината Санта Инез кои се соголени од неодамнешните пожари.

 

Делови од планината кои изгореле особено се подобри за деструктивни одрони затоа што изгорената земја не ја апсорбира водата и земјата лесно се движи каде што нема грмушки и дрвја.