Голема катастрофа се случи во Египет откако воз излета од шините: Единаесет загинати, а над стотина ранети! (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку 11 лица загинаа, а околу 100 беа повредени кога патнички воз излета од шините северно од Каиро во неделата. Катастрофата се случила во провинцијата Ал-Калиубиија. Возот заминувал од главниот град на Египет кон градот Ал-Мансур.

Loading...

60 амбулантни возила биле насочени кон местото на несреќата каде четири вагони излегле од шините; ранетите се пренесени во блиските болници. 14 помалку повредени лица веќе ги напуштиле болниците.

Спасувачките екипи продолжуваат да ги пребаруваат уништените автомобили. Не е познато што предизвикало паѓање на вагоните од шините.

 

 

На 25 март најмалку 20 лица загинаа, а скоро 200 се повредени во железничка несреќа кај градот Тахт, кога се судрија два воза. Обвинителството соопшти дека причината за катастрофата во март, што предизвика бес низ целата земја, се должи на грубата небрежност на железничарите.

Железнички несреќи се чести во Египет, каде железниците имаат репутација на мало одржување и лошо управување. Владата најави дека започна голема кампања за модернизација на пругите.

Loading...

Најтрагичната катастрофа во египетскиот воз се случи во 2002 година, кога 200 лица загинаа во пожар во ноќен воз од Каиро кон југот на земјата.

 

Leave a Reply