Голем пожар во Калифорнија, го гаснат 5.400 пожарникари

Сподели со своите пријатели

Повеќе од 5.400 пожарникари беа мобилизирани да гасат голем пожар во американската држава Калифорнија, јави агенцијата Франс прес.

Loading...

Над огнот, кој било тешко да се изгасне поради високата температура, последните денови се појавиле топли облаци кои поттикнуваат молња и ветрови, и понатамошно ширење на пламенот.

Локалните власти проценуваат дека пожарот уништил повеќе од 73.000 хектари вегетација и дека околу 20 проценти од пожарите се под контрола, пренесе агенцијата АП.

Властите во Калифорнија прогласија вонредна состојба во неколку загрозени области.

Leave a Reply