19.06.2018 10:34

Голем интерес за бесплатен одмор за деца од социјално ранливи категории од Куманово

loading...

Вкупно 153 барања доставиле семејства од социјален ризик од Куманово, за користење на услугата бесплатен летен одмор, проект на Министерството за труд и социјална политика и Владата на Република Македонија. На јавниот повик се пријавиле корисници на социјална парична помош, на постојана парична помош, корисници на посебен додаток, на родителски додаток за трето дете и корисници на детски додаток.

– Годинава има значително голем интерес за користење на услугата – бесплатно летување на овие деца. Конурсот заврши и испратени се списоците и во скоро време очекуваме поделба на групите и информирање на избраните кандидати кои ќе ја користат оваа услуга, изјави директорката на кумановскиот Центар за социјални работи, Александра Арсовска.

Корисниците на овој проект добиваат шест полни пансиони, превоз до дестинацијата, но особено значајно е што се анимираат, летуваат и имаат можност да се дружат со врсници од сите краеви на Македонија. Корисниците на посебен додаток, односно деца со пречки во развојот имаат право и на придружник, што значи дека услугите се обезбедени и за придружникот.

Од Куманово од корисниците на посебен додаток за овој проект аплицирале 42 лица, 69 апликации пристигнале врз основа на родителски додаток, шест апликации од деца без родители, 23 лица од корисници на социјална парична помош, по пет од корисници на постојана парична помош и детски додаток.

Во изминативе години, децата престојуваа во одморалиштето „Мајски цвет“ во Струга.(МИА)


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува.

Последни наслови

Facebook Comments