Го уапсиле под обвинение дека е премногу убав и дека ги излудува девојките (видео)

Сподели со своите пријатели

Видео снимките на интернет го покажуваат опркужен со обожавателки, кога му приоѓа човек, го грабнува и го влече од таму.

Loading...

Саудискиот актер е уапсен од страна на религиозна полиција откако бил во центарот на вниманието во еден трговски центар, а обожавателките сакале селфи со него.

Абдул Азиз ал Касар, популарен актер и телевизиско лице, својата посета на овој шопинг центар, кој се наоѓа во главниот град Ријад, ја рекламирал на социјалните мрежи па така и девојките дознале дека тој ќе биде таму.

Го оптужиле за реметење на јавниот ред и мир, бил уапсен, телефонот му бил конфискуван, но сепак на крајот го пуштиле со кауција.