Го уапсиле на ГП „Табановце“ затоа што го оштетил својот пасош

Сподели со своите пријатели

Како што информиарат од Министерството за внатрешни работи, во текот на раните утрински часови вчера на Граничниот премин „Табановце“, со автомобил марка „Форд“ со албански регистарски ознаки, допатувал З.Е. (25) од Република Албанија.

Loading...

Откако му била извршена пасошка контрола од страна на полициску службеник било констатирано дека неговата патна исправа е намерно оштетена, односно намерно е избршиана ознаката со која му е забранет влез во Република Италија.

З.Е. е приведен во Полициската станица „Табановце“, а а патната исправа му е одземена. Три часа откако бил приведен, албанскиот државјанин е предаден на службеници од СВР Куманово за покренување на понатамошна кривична постапка.