Го тужи гинекологот на нејзината мајка оти дозволил таа да се роди

Сподели со своите пријатели

Необична тужба ја запали јавноста – една девојка решила да го тужи докторот на мајка си бидејќи тој не ја советувал да ја прекине бременоста.

Loading...

Еви Тамбс од Скегнес во Англија, која тренира јавање, е родена во 2001 година, а набргу по раѓањето било утврдено дека има тешка болест „спина бифида“, односно расцепен ‘рбет.

Поради оваа исклучително комплицирана и болна болест, Ева понекогаш поминува 24 часа на ден прицврстена за цевките кои ја одржуваат во живот.

Поради оваа состојба, нејзиниот ‘рбет и ‘рбетниот мозок уште во утробата на нејзината мајка не биле развиени правилно.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Showjumper…+health issues🤷🏻‍♀️ (@evie.toombes)

 

А сè би било поинаку доколку гинекологот на нејзината мајка Керолин, д-р Филип Мичел, ја советувал да зема фолна киселина и други додатоци пред бременоста.

Loading...

Еви верува дека на тој начин би се намалил ризикот од раѓање со оваа сериозна болест. Да знаела нејзината мајка со каков ризик се наоѓа, ќе ја одложела бременоста и таа немало да се роди и да биде принудена да води толку тежок живот.

Затоа решила да ги „свитка чаршафите“ и да го тужи докторот на нејзината мајка за милионска отштета бидејќи тој ја советувал да ја роди.

 

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Showjumper…+health issues🤷🏻‍♀️ (@evie.toombes)

 

Таа бара мултимилионска отштета од Мишел на име на тоа што е родена болна, а и требаат милиони за да се одржи во живот.

Докторот одбива одговорност и вели дека и дал „разумни совети“ на Керолајн, но и на секој пациент. Веќе подолго време лекарите ширум светот го промовираат внесувањето на суплементи и фолна киселина пред бременоста, како и во првите 12 недели од бременоста, токму за да го намалат ризикот од спина бифида.

 

Loading...

 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 

A post shared by Showjumper…+health issues🤷🏻‍♀️ (@evie.toombes)

 

Каролина тврди дека нејзиниот лекар не спомнал дека овие суплементи се задолжителни.

– Ми кажа дека, ако водам здрав живот, не морам да пијам фолна киселина – рече таа на судењето, додавајќи дека ако знаела дека е неопходно да се земе овој додаток, ќе ја одложела бременоста додека не се подготви за тоа.

– Да го добиев вистинскиот совет, ќе ја одложив бременоста и ќе го подготвев телото за тоа, па ќе родев нормално, здраво бебе, генетски различно од Ева – изјавила мајката на Ева во судот.