Го тужел сајтот за запознавање бидејќи не ја пронашол „вистинската” девојка

Сподели со своите пријатели

Дваесет и девет годишниот Јан Крос од Денвер ги тужеше сопствениците на апликацијата Denver Dating Co. од истоимениот град затоа што не можел да најде партнер преку нив во последните две години.

Loading...

Крос во тужбата навел дека на сајтот и на апликацијата за средба со сродна душа му дал 9.409 долари за членарина, а не направил ништо во последните 24 месеци.

– Ми тврдеа дека има огромен број жени на возраст од 25 до 35 години кои немаат партнер и се на апликацијата поради истата причина. За две години на апликацијата најдов само пет девојки на возраст од 18 до 35 години. Значи речиси никој. И ми кажаа дека се работи за голем број жени. Многу сум разочаран и навреден од сајтот, односно апликацијата ја направиле само за преку лаги да понудат непостоечки луѓе  – изјави Крос за Денвер пост.

Сопствениците на страницата / апликацијата за запознавање не се огласиле во оваа прилика.