Го продал „поршето“ што го освоил како награда, за два дена освоил нов автомобил (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Том Харви (28) првин освоил „Порше 911 кариера 4 ГТС“ вредно 110.000 фунти во онлајн натпреварувањето, заедно со 20.000 фунти во готовина.

Loading...

Тој ја продаде својата награда минатата недела за депозит за куќата, а само два дена подоцна повторно освоил автомобил од соништата, овој пат 50.000 фунти вредниот „Макан С“, плус дополнителни 20.000 фунти во готовина.

„Морам да сум еден од најсреќните луѓе на планетата во моментот“, рече Харви.

фото: Youtube printscreen

Тој дознал за втората награда додека бил со неговиот татко Бил во Есекс на курсот за водоводџија.

– Отидов директно во „Порше“ во Источен Лондон. Не мислев дека некогаш ќе победам, а камоли двапати – призна Харви.

Leave a Reply