Го погребале, а тој по два месеци се вратил дома. ДНК тестот потврдил дека лешот е негов

Сподели со своите пријатели

„Покојниот“ Ајгали Супугалиев (63) од Казахстан се појавил на вратите на својот дом два месеци откако семејството погребало леш, за кој ДНК анализата потврдила дека е негов.

Неговото исчезнување било пријавено на 9. јули, а телото во фаза на распаѓање, било пронајдено близу неговата куќа скоро два месеци подоцна. Анализата во лабораторијата наводно покажала 99,90 отсто веројатност дека телото припаѓа на Супугалиев. Изработен бил извод од матичната книга на умрени, а неговиот брат организирал и погреб.

Се испоставило дека „починатиот“ всушност заминал да работи на одалечена фарма, не обавестувајќи никого за тоа, по што се вратил дома, на запрепастување на домашните. Неговата внука за малку се онесвестила кога го видела.

„ВОСКРЕСНАЛ“ ПРЕД ПОГРЕБОТ: Роднините му подготвиле гроб, а тој се појавил жив (видео)

Loading...

Неговиот брат со право е огорчен и се прашува кого погребале и дали покојниот некој го бара.

Научничката Акмарал Жубатирова, која го извела спорниот тест во лабораторијата ја брани својата работа.

– Невозможно е без соменвање да се утврди идентитет на телото, ослонувајќи се исклучиво на ДНК. Не треба да забораваме дека постои веројатноста за грешка од 0,08 отсто, рекла вработената во лабораторијата.

Leave a Reply