Го исклучиле синот од апаратите за дишење, а тогаш се случило нешто неочекувано

Сподели со своите пријатели

Келеб Крук, момче од Велика Британија, одлучиlo да живее и покрај најлошите предвидувања на лекарите.

Loading...

Лекарите ги повикале родителите Беки и Фил да се збогуваат со своето бебе десет дена по раѓањето. Ним им било речено дека морале да ги исклучат апаратите бидејќи веќе немало надеж.

Ги исклучиле уредите, но момчето продолжило да дише самостојно! Го стиснало прстот на мајка си и ја погледнало како да сака да и каже дека сè ќе биде добро, да не се грижи.

– Ова ќе биде негов прв Божиќ што ќе го помине со нас дома. И покрај неговите комплексни потреби и сериозни повреди на мозокот, тој сака да се смее, особено кога ќе го слушне гласот на неговата постара сестра – рече Беки (30).

Таа додала дека детето е родено непланирано дома затоа што сè се случило брзо.

– Тој веднаш беше пуштен на апарати во болницата, а лекарите ни рекоа дека има минимална активност во мозокот и дека нема надеж за неговата иднина. Го пренесоа во специјализирана детска болница. Ништо не можевме да сториме за него. Не можев да верувам дека се случи откако бременоста беше совршена – изјавила таа за Дејли Меил.

На Калеб му била дијагностицирана и Хипоксична-исхемична енцефалопатија од трет степен (HIE) – сериозно и неповратно оштетување на мозокот како резултат на изложеност на детето на недоволно ниво на кислород.

Иако предвидувањата за неговата иднина се неизвесни, семејството ужива во секој момент поминато во друштво на оваа весело дете.

Loading...

– Се надеваме дека ќе доживее среќа и мир, без оглед на неговите способности. Сакаме тој да знае колку многу го сакаме. Никој не знае што носи иднината за него, но тој избира да живее секој ден. Тој е наше вистинско чудо, тој им се спротивстави на сите очекувања на лекарите – рекла мајката.

Симптоми на хипоксична исхемична енцефалопатија може да вклучуваат бавни отчукувања на срцето, слаб тонус на мускулите, слабо дишење или прекинување на дишењето, синкава или бледа боја на кожата и прекумерна киселост на крвта.

Leave a Reply