Го барал Интерпол, приведен на Табановце

Сподели со своите пријатели

Завчера на Граничниот премин „Табановце“ при влез во Република Македонија поради распишана меѓународна потерница од страна на Интерпол Букурешт, со цел негова екстрадиција во Романија, од слобода бил лишен С.М.(55) од Република Србија.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, лицето било предадено во Основното јавно обвинителство Куманово и Основниот Суд – Куманово за понатамошна постапка.

Leave a Reply