Гневен охриѓанец целата покуќнина ја однел пред судот во Охрид

Сподели со своите пријатели

Јован Спиркоски од Охрид кој во судски спор останал без својата куќа, вчеранавечер, гневен за правната завршница, одлучил целата своја покуќнина да ја остави на влезот на Основениот Суд во Охрид, јавува Репортер.

Loading...

Тој своите кревети, душеци, куфери, електричча опрема, облека, па дури и санката, ги донесол пред зградата на Основен Суд Охрид и ги оставил на тротоарот.

Полицијата извршила увид и направила записник и попис на оставените предмети.