04.06.2019 12:22

ГМО е минато? Пристигнува нова технологија за „уредување на гените“


Наскоро ќе одгледуваме соја од која ќе добиваме масло без опасни трансмасни киселини. Салата, која ќе успева на потопла и посува земја. Пченица со помалку глутен и свињи отпорни на смртоносни вируси. Еден ден можеби ќе имаме и јагоди кои ќе се берат машински, а не рачно.

Обработката на гените, а особено со методата Crisp-Cas 9, значително го олеснува работењето со геномите на растенија и животните, со поефикасни реузлтати. Првите производи изменети на тој начин веќе оваа година ќе се појават на американскиот пазар, а научниците веруваат дека е прашање на време кога полиците во американските продавници ќе бидат полни со генетски „едитирани“ производи, житарици и месо.

loading...

Неколку ГМО луѓе веќе шетаат меѓу нас

Технологијата во ЕУ е подлжена на строги здравствени и еколошки проверки, како и барања за обележување, но тоа не е случајот во САД. Американското Министерство за земјоделие издало соопштение во март минатата година, во кое наведува дека нема да донесува прописи за житариците кај кои генетска измена можела да настане и како последица на конвенционално одгледување. Наспроти тоа, Европскиот суд минатото лето донесе одлука дека за генетски изменети посеви ќе важат исти прописи како и за генетски модифицирани организми (ГМО).

Технологијата CRISPR (Clustered Regulatory Interspersed Short Palindromic Repeats) се уште е во подем, во клетките со јадро за прв пат е применета пред шест години.

Како да препознаете ГМО храна?

Технологијата користи предности на природниот имунитет на бактериите за да создаде прецизни резови на таргетираниот геном. Може да се избришат неколку букви, може да се исклучи одреден ген, да се премести на друго место или да се изврши промена во генетската абецеда, со што на растението или животното му се даваат нови функции.

Постапката не е совршена, но научниците тврдат дека е многу попрецизно и поедноставно за ракување отколку постарите технологии за измена на гени. Многу од тие нови функции ќе бидат копирани од природата, што значи дека доматите од стаклена градина би можеле да бидат отпорни на болести еднакво како и дивите. Меѓутоа, можни се и нови функции, што веројатно би предизвикало поголема загриженост.

Откриена втора ГМО бременост во Кина

За разлика од модификацијата на генот (ГМО), „едитирањето на генот“ со методата CRISPR не бара тансгенетика, т.е. уфрлување гени од еден во друг вид. Според тоа, ако постои опасност кога станува збор за ГМО производи, што сметаат некои, но не сите научници, „едитирањето“ на гените подразбира само отстранување на гените или копирање на секвенци од истиот вид, што е веројатно побезбедно.

loading...

Иако генетските измени со методата CRISPR се уште се одвиваат во лаборатории и експериментални стаклени градини, не е далеку иднината кога првите такви производи ќе се појават на пазарот, веројатно веќе следната година: солјно масло со помалку заситени киселини и без опасни трансмасти од компанијата „Calyst“ во Минесота, како и подобрената варијанта на „восочна пченка“, кој се користи за згуснување и како стабилизатор во многу намирници.

Што значат налепниците на овошјето?

Јавноста и владите во целиот свет не се сигурни како да гледаат на генетски изменетите растенија и животни.

Image by Arturs Budkevics from Pixabay


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments