Глобалната потрошувачка на пластика и пластичниот отпад ќе се зголемат тројно до 2060 година

Сподели со своите пријатели

Светската потрошувачка на пластика ќе се зголеми речиси тројно за помалку од четири децении, според новата студија објавена во петокот.

Loading...

Годишното производство на пластика е на пат да достигне 1,2 милијарди тони до 2060 година, додека пластичниот отпад ќе надмине една милијарда тони, според податоците на ОЕЦД.

Дури и со агресивни мерки за намалување на побарувачката и подобрување на ефикасноста, производството на пластика речиси ќе се удвои за помалку од 40 години, се вели во извештајот.

Ваквите глобално координирани политики би можеле во голема мера да го зголемат уделот на идниот пластичен отпад што може да се рециклира, од 12 на 40 проценти.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ако не користите мобилен додека јадете во овој ресторан, добивате гратис вино

 

 

Меѓународната заедница е сè позагрижена за количината и сеприсутноста на загадувањето со пластика.

Loading...

Микропластиката е откриена кај рибите во најдлабоките области на океанот и во мразот на Арктикот.

Се проценува дека пластичниот отпад предизвикува смрт на повеќе од милион морски птици и повеќе од 100.000 морски цицачи секоја година.

Загадувањето со пластика е еден од најголемите еколошки предизвици на 21-от век, предизвикувајќи голема штета на екосистемите и здравјето на луѓето, изјави генералниот секретар на ОЕЦД, Матијас Корман.

Од 1950-тите, речиси 8,3 милијарди тони пластика се произведени, а повеќе од 60 проценти од нив завршиле на депонии, изгорени или директно фрлени во реките и океаните.

 

 

Речиси 460 милиони тони пластика се потрошени во 2019 година, двојно повеќе од пред 20 години

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Верувале или не може да се живее во 8 квадрати и тоа изгледа вака! (ВИДЕО)

Количината на пластичен отпад, исто така, е речиси двојно зголемена, надминувајќи 350 милиони тони, а помалку од 10 отсто од него се рециклирани.

Пластика и CO2

Со сегашните трендови, потрошувачката на пластика се очекува речиси двојно да се зголеми во Северна Америка, Европа и Источна Азија. Во другите земји во развој се очекува да се зголеми три до пет пати, а повеќе од шест пати во субсахарска Африка.

Политиките можат значително да ја променат состојбата во управувањето со отпадот.

Речиси 100 милиони тони пластичен отпад сега или лошо се отстрануваат или може да завршат во животната средина, а таа бројка треба да се удвои до 2060 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Снаа подготвила ручек со печурки, па ги отрула свекорот и свекрвата

 

 

Loading...

Координираните и амбициозни глобални напори можат речиси да го елиминираат загадувањето со пластика до 2060 година, се заклучува во извештајот.

Ова исто така може да го намали количеството на стакленички гасови што ќе завршат во атмосферата.

Целосниот животен век на примарната пластика, од производство до распаѓање, сега придонесува со околу две милијарди тони CO2, или еквивалент во другите гасови, што е околу три проценти од загадувањето со јаглерод предизвикано од луѓето.

Без насочено политичко дејствување, тој број веројатно ќе се удвои до 2060 година, предупредува ОЕЦД.

Претходно оваа година, ОН започнаа процес за подготовка на меѓународно обврзувачки договор за намалување на загадувањето со пластика.