Глазгов и Ливерпул можни домаќини на Евровизија 2023

Сподели со своите пријатели

Би-Би-Си денеска објави дека конкурсот за домаќин на 67. Избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во 2023 година, влегува во завршна фаза и потврди дека Глазгов и Ливерпул остануваат во игра за домаќини.

Loading...

Би-Би-Си ова го објави по деталната проценка што ја прави од 12 август, кога беше објавено дека Бирмингем, Глазгов, Лидс, Ливерпул, Манчестер, Њукасл и Шефилд се најдоа во потесниот избор за домаќини на натпреварот, пренесува Ројтерс.

Конечната одлука ќе биде донесена за неколку недели по разговорите со претставниците на Глазгов и Ливерпул.

Фил Харолд, претседател на комисијата за избор на градови домаќини под мандат на БиБиСи, им се заблагодари на градовите кандидати што го покажаа ентузијазмот и страста за Евровизија што постои низ Британија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Четири промени во однесувањето кои покажуваат дека вашиот партнер ве изневерува

„Бевме неверојатно импресионирани од квалитетот и креативноста на сите понуди на градот“, рече Харолд.

Тој додаде дека Изборот за песна на Евровизија е многу сложен настан и Ливерпул и Глазгов имаат најсилна севкупна понуда.

„Ние сме решени дека Изборот за песна на Евровизија 2023 година ќе ја одрази победничката позиција на Украина, но и ќе биде настан на кој може да учествува цела Велика Британија“, вели Харолд.

Ројтерс потсетува дека Британија е домаќин на Евровизија 2023 година во име на Украина, која годинава победи на натпреварот.

Loading...

Конечната одлука за градот домаќин на Евровизија 2023 година ја носи Би-Би-Си во соработка со Европската радиодифузна унија (ЕБУ).

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вознемирувачки и неразјаснети мистерии кои и ден денес збунуваат!