Ѓорѓиевска: Ви благодарам на сите што се осмеливте да гласате за еден ваков граѓански концепт (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Благодарност за поддршката од граѓаните на вчерашните локални избори, денеска упати носителката на независната листа кандидати за советници во Куманово од „За наше Куманово“, Ивана Ѓорѓиевска.

Loading...

– Ви благодарам на сите што се осмеливте и што се одваживте да гласате за еден ваков граѓански концепт во една голема политичка битка, во која граѓанскиот концепт се соочи со две големи политички партии. Продолжуваме со ист интензитет заедно сите сплотено во битка за втор круг за градоначалник сплотено заедно како што беше и во првиот круг, изјави таа.

 

 

Според првичните пресметки „За наше Куманово“ има освоено сигурни осум советници, а се надеваат и на деветти претставник во Советот на Општина Куманово.

Никола Ивановски